Anno domini 2015
The whole planet is struck by plague
Protective fences, chains, masks and horror
Dead bodies floating throughout the whole Mediterranean
children, women, and dreams
Everyone is traveling and recording their own death
It is better to be a dog than a human, you don’t need a visa
Some insect, bacteria, virus
A bat traveling solely at night
You refuse to watch, but eavesdrop constantly
You are not who you present yourself to be
Someone else speaks out from you
There is no save heaven
Everything has been sold out in the major sale of souls

Лето господово 2015-та
Целата планета е погодена од чума
Заштитни огради, ланци, маски и хорор
Мртви тела лебдат долж целиот Медитеран, деца, жени и сништа
Сите патуваат и ја снимаат сопствената смрт
Подобро е да бидеш пес отколку човек, не ти треба виза
Некаков инсект, бактерија, вирус
Прилеп што патува единствено по мракот
Ти не си тој што се претставуваш, некој друг говори од тебе
Нема безбедно место, сé е купено во големата распродажба на душите
Седум милијарди желби
Седум милијарди проекции
Седум милијарди фараони
Седум милијарди копилиња лебдат и играат со смртта
Седум милијарди сонети
Седум милијарди телевизии
Четрнаесет милијарди очи во исчекување на новата сензација
Четрнаесет милијарди глуви уши
Во рацете држам 300 евра. Мора да е вистина, штотуку ме исплатија за 13 страни текст. Излегувам до првиот маркет за да купам едно пиво, на телефон е Вуди. Тој со еуфорија ми раскажува за некаква идеја, холивудско сценарио во кое би можеле да глумат постари глумци, јас сум можел да го направам сторибордот.
„Парите се спремни! Сé што треба е да го напишеш и да ги израчунаш сите детали и поединости, знаеш, колку чини ова - колку она. Едноставно е, класична понуда. Ова ни е идеална шанса да направиме пари од уметност. Ти се допаѓа идејата? Имаме отворена врата во Голден Маер. Знаеш она - Роберт Де Ниро и Ал Пачино се пензионираат и пристигнуваат во Македонија...“.
„Аха... мислиш двајцата се диверзантски облечени со пивски стомаци и минуваат по сликата како балкански водоводџии, исти како оние стари чичковци што ги гледаме по скопските пазари. Тие што купуваат гумички за чешми? Добра идеја. Сакаш да се видиме?
„Навистина, на Роберт и на Ал добро би им дошла уште една работа пред пензија, соочувањето со оваа сценографија би била слична како да снимаат на некакво егзотично место како Бразилија. Погледај го она дрво што ѝ се спротиставува на банката. Толку е тропско. Огромно е. Ништо не е потребно, само буџет за исплата на глумците и техничкиот персонал. Од Премиерот ќе добиеме дозвола за снимање во просториите на објектот. Може да биде прекрасно - хит. Нешто како метафизички трилер. Слично на оние филмови на Буњуел или Хичкок каде што за цело време се наговестува напнатоста и се симулира некаква акција“.
Постојано одеше некоја невкусна музика, а времето те сончево, те врнежливо. Можеби помислив на оние денови на Ками, или замислив дека на некој начин сиот свет е под наркотично влијание. Сите имаат некаква опседнатост од непрестаните извештаи за временската прогноза на пребарувачот Јаху.
Но, што има Ками заедничко со ова место? Внесен сум во еден од оние мигови во кои секој помислува дека би напишал право ремек дело за апатијатата на чувствата, празно како и овој град. Продолжувам да замислувам како изгледа во земјите долж светот. Дали да земам еден дим од цигарата што овој спортски коментатор ми ја нуди? Да го победам Супермен и да станам и самиот некаков дим.
Некаков Дим
Некаков Дим
Да исчезнам во визиите на Хаса и Саба.
Како да е тоа единствена константност на планетава... некаков дим... Исчезнувања кои што треба да не донесат пред олтарот на среќата.
„Х?! А може ли да купам малку?“
„Па... колку?“
„Да речеме едно кибритче. Не знам за какви мерни единици се работи во земјава. Секаде имаат свои правила и на некој начин свој таинствен сленг, меѓујазик. Метасвет на мислите и делата. И сите се наивни додека димат и чадат.
„Како го продаваат? Во унци? Пакетчиња? Грамови?“
„Знаеш, јас сум тука дојден по работа, не ми е приоритет да димам. Но...“
Се врти околу него. Имав ситнина од 5 долари, па му ја тутнав во рака.
„Една цигара дим, може?“
Овој веќе ја имаше запалено, па димот започна да ги гризе моите очи. Од спалните на зградата излегуваа ревови. Слушам стенкања на души, стиснати од маката на ужасот и безизлезот на телата. Некаков прљав секс.
Дим
Некаков дим
Некаков
Дим
Спирално влегува во ноздрите и продолжува до бирото на Премиерот на оваа мала држава. Никој не може да ја сопре. А веднаш по него една чашка коњак. Размислувам... зошто да не. Сум станал некаков праведник, а знам такви нема. Бидејќи ако и ги има тие не би се родиле тука, на планетава. Можеби би биле зилоти, муџахедини, темплари... некакви воини кои што навлегуваат во една сосема метафизичка сфера на исправноста. Тие ја имаат правдата во своите раце исто како и погрешно осудените затвореници.
Музиката ропоти и понатаму, исто како во процесот на Кафка, само што оваа ја нарекуваат музика на безнадежноста, сите се во исчекување на тој што ќе ја отвори војната.
Да ни тргне.
Димот и понатаму кружи околу мене. Овој човечулец отсутно ме мерка. Го гледам како повторно мота цигара. Рацете му се вешти.
„Би можел да бидеш пијанист, знаеш? Многу си вешт.“
„И да бев, повторно ќе мотав.“
„Да, но ќе беше пијанист, како Глен Голд.“
„Како кој?!“
Помислив дека трескам зелени. Овој не познава ништо освен натпреварите и неговите опклади, свиснатите рамења и пивскиот стомак. Мемлата што излегува од пазувите на продавачите на весниците во пладневните часови долж светските метрополи.
„Никој. Тоа е еден свирач на пијано. Починат е.“
„Ах, па што ми говориш за починати, умрените не говорат. Тие се среќни луѓе.“
„Да, добро велиш... Имаш запалка?“
Од раката му излегува една запалка како некаков топ и почнува да ја гори цигарата. Првиот дим е во мене и јас сум дома. Таму некаде каде што постојат сите испишани нешта на вселената.
Дома, во себе.
Отидов...
Во овој град никогаш не прекинува музиката, свири деноноќно. Толку мачно трае исто како и политиката - сé е сведено на некаков заборав. Овој град е стигма на умот, спречување на размислите, полиција над немоќните, терор на некогашниот пролетеријат. Сандаци полни со изгризена полиетиленска миризба. Станиол во кој се препелкаат палачинки од етиол. Овој град во кој што гостин сум и јас... И овој дим кој што ме тера да размислувам... Декадентно... Град, дим, дим град... На сино море и палми.
Лизинг на мислите низ времето и екот од активноста на толпите. Од утро во утро, со вкус на камфор и каранфили во устата
Секогаш е време на чума.
Надреални слики и бегство од болката. Иљадници сиријци што секојдневно се влеваат долж границите, обидувајќи се да стигнат до ветената земја.
Израелот на избраните.
Македонија, црна дупка која едвај егзистира на мапите на Европа.
Патувам секојдневно по 3 часа за да пристигнам до моето работно место.
Моето работно време е 24/7, заработувам дури и додека спијам.
Мојата канцеларија се наоѓа на 13-от спрат веднаш под подкровјето.
Секоја минута од моето време е исполнета со бројки.
Трансакции, пресметки разни .
Оф шор - он шор.
Собирам скапоцени марки, часовници, антиквитети и уметнички дела.
Тие ми даваат смисол.
Сите пари на светот да ги имам би ги дал на слики од масло, графики разни.
Јас сум сметководителот на твојот живот.
Ги делам - собирам и одземам сите твои сништа.
Ти си под моја целосна контрола.
Јас твојот господар - Ти, мојот слуга.
Би можел да направам еден мал еп за црните пари.
За банките, големи и мали.
Оф шор - Он шор.
Јас сум сите пари на светот.
Јас сум тој што го посакуваш.
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имам
Сите пари на светот да ги имаш.
Замисли...
Сите пари на светот да ги имаш.
Да направиш фејс лифтинг и со полна сила.
Како перпетум мобиле.
Како Рокфелер.
Како Ротчилд.
Билдерберг.
Пари со чисти раце за чисти луѓе.
Како Минчо Јорданов.
Березовски.
Да му служиш на Молох
Погледај, како се прават - лесни пари.
Ќе направам да леташ на криљата на Баал.

Сите пари на светот.
Тој ги има јас ги немам: пари.
Пари... Пари.
Секогаш се во прашање пари.
Имаш? Немаш? Секогаш се во прашање пари.
Здрав си? Ќе те направам да бидеш болен.
Пари...
Мораш да мислиш на пари бе.
На пари, разбираш ли?
Пари, вистински пари.
Алелуја Пари
Бисмила Пари
Вистински пари
Вреќи полни со пари
На Ротчилд внук да му бидеш
Да добиеш нова цицка
Да легнеш со мама во кревет
Сакаш чоколаден прелив?
Некоја нова дрога
Јас сум твојот месија
Пари...
Сите пари на светот да ги имаш
Некаков прљав секс...